Се „тресе“ клупата на Солскјер иако е подобар од Ферги и Клоп!?

twitter.com/TheSporTalk

Оле Гунар Солскјер во неделата по 100 пат беше на клупата на Манчестер јунајтед. Повторно се „тресе“ клупата после поразот од Арсенал (0:1), а сè што се случува на теренот покажува дека Јунајтед нема константност, дека зависи од моментот и тоа е основниот проблем.

Веќе ги нарекуваат „Доктор Џекил и господин Хајд“, бидејќи го „растурија“ Лајпциг и триумфираа над ПСЖ во Лигата на шампионите, но во Премиер лигата сликата е многу поинаква. Со најлошиот почеток во историјата на домашен терен, само еден освоен бод од четири натпревари.

ДАЛИ СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПРОМЕНА НА МЕНАЏЕРОТ?

Оле Гунар Солскјер според експертите нема да има уште многу шанси. Ќе го плати цехот и за сопствените грешки, не му ги остварија желбите и играчите кои ги бараше на пазарот, иако на крајот немаше ни идеја. Минатата година ги победи Гвардиола и Лампард и стигна до три полуфиналиња со екипа која беше ранлива и исфрлена од некои алтернативи, но кога се ќе се собере, оценката остана за оваа сезона.

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

СЕЗОНАТА Е КАТАСТРОФАЛНА ОД МНОГУ АСПЕКТИ

Прво, резултатите во Премиер лигата се неприфатливи, играта уште повеќе. Да не заборавиме дека Јунајтед едвај го совлада Брајтон со доста среќа и на контроверзен начин и дека според многумина тие не ни заслужуваа повеќе на натпреварите кои ги губеа.

Второ, Солскјер не инсистираше на одбрана, наместо тоа го донесе Ван де Бек, па сега има вишок во средниот ред, а еден помалку во дефанзивниот дел. Ги има шест, но не верува во четворица. По паузата, Јунајтед ќе игра против Евертон во Премиер лигата, пред тоа утре (4 ноември) во Турција против Башакшехир во ЛШ. Ппосле дуелот со Анчелоти ќе има „полесна“ серија натпревари, ВБА, Саутемптон и Вест Хем, а потоа доаѓа Манчестер сити на „Олд Трафорд“.

Фото: twitter/TNC Football

Норвешкиот стратег ќе мора да купи време, натпреварите со ПСЖ и Лајпциг ќе следат наесен, но кој знае дали ќе ги дочека. Веројатно ќе добие шанса до крајот на ноември, поточно неколку недели по паузата, а потоа клубот би можел да бара друго решение, односно се шпекулира за ангажирање на Покетино.

НЕ МУ ВЕРУВААТ НА СОЛСКЈЕР, НО ИМА ПОДОБРА СТАТИСТИКА ОД ФЕРГИ И КЛОП

Интересно е тоа што во првите 100 натпревари на клупата на „црвените ѓаволи“, Солскјер има 55 победи, 21 реми и 24 порази. Има седум победи повеќе од легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон, три повеќе од Луј Ван Гал, послаб е само од Мурињо.

А исто така има подобар скор Јирген Клоп во првите 100 меча на клупата на Ливерпул. Германецот имаше 50 победи, 29 нерешени и 21 пораз. Гол-разликата не е голема, 181:100 за Јунајтед, а 182:108 за Ливерпул.

EPA-EFE/MATTHEW CHILDS

Но, бројките „лажат“, барем кога е во прашање играта, на пример, Мурињо имаше 62 победи, и сега се поставува прашањето дали беше добар потег заминувањето на Португалецот, иако Солскјер го подигна тимот по неговото доаѓање и заработи договор.

Сè на сè, притисокот сега е скоро неподнослив и многу лесно може да се случи Јунајтед наскоро да има нов кормилар, најдоцна можеби во текот на зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот