Се случи и првото запросување во Кан

Instagram

Чешкиот тајкун Милош Кант ги надмина сите необични модни комбинации и ги фрли во втор план убавиците кои се натпреваруваат која најдобро ќе изгледа на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

Пред фотографите на црвениот тепих ја запросил 40 години помладата избраничка, реалити-ѕвездата Маргарита Араха.

Маргарита (25) воодушевено се согласила да се омажи за 65-годишниот тајкун, па гордо позирале пред бројните фотоапарати.

instagram

Тие се запознале во клубот на Милош, во кој сега Маргарита е менаџерка.

„Реков да! Најдобриот момент во мојот живот! Толку многу те сакам, напишала Маргарита на инстаграм-профилот покрај фотографијата од запросувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот