Се самоуби таткото откако го нашол мртов својот 18-месечен син, го заборавил во автомобилот

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Татко од Вирџинија се самоуби откако го пронашол мртов својот 18-месечен син на задното седиште во автомобил паркиран на сонце.

Мажот се самоубил во близина на куќата во која полицијата го пронашла телото на момчето.

„Ова е ужасна трагедија по толку многу основи“, изјави началникот на полицијата во Честерфилд, Кристофер Хенсли.

Полицијата верува дека таткото отишол на работа каде поминал три часа и дека заборавил да го остави синот во градинка. Вирџинија оваа недела беше погодена од топол бран.

Семејството на момчето ја алармирало полицијата кога детето не се појавило во градинката. Полицијата ја пребарала куќата на таткото и го пронашла и неговото и телото на детето. Семејството наводно добивало пораки од таткото дека ќе се убие поради синот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот