Се самораспушти хрватскиот Сабор, изборите на крајот од јуни или почетокот на јули

Додека пратениците дебатираа за распуштање пред Саборот имаше протест на граѓани и партии.

Хрватскиот Сабор денеска донесе одлука за самораспуштање, а претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ треба да го одреди датумот за одржување на парламентарните избори.

Од вкупно 151 пратеник „за” распуштање на Саборот гласаа 105, осум беа „против” и четворица „воздржани”.

Се очекува Милановиќ во следните неколку дена да одлучи за датумот за избори, што мора да се одржат во рок од 30 до 60 дена од распуштање на Парламентот. Можни датуми се 21 и 28 јуни или 5 и 12 јули.

Додека пратениците дебатираа за распуштање пред Саборот имаше протест на граѓани и партии кои воглавно дејствуваат во Собранието на град Загреб поради тоа што пред распуштањето не е донесен закон за обнова на Загреб по мартовскиот силен земјотрес.

Тие носеа транспаренти против власта и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. На еден од транспарентите пишуваше „Загреб ова никогаш нема да ви го заборави”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот