Се мажи актерката Ема Стоун! (ФОТО)

Instagram

Нејзиното момче Дејв Меккари ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил каде што сподели слика од нив двајца, на која Ема Стоун го носи уникатниот прстен.

View this post on Instagram

?

A post shared by @ davemccary on

Дејв е писател и директор на еден од сегментите на „Saturday Night Live“. Тој под својата објава прокоментирал само срце.

Тие се запознаа кога Ема гостуваше на „SNL“ во 2016 година, но Стоун и Меккари прв пат биле забележани заедно во ноември 2017 година. Тие исто така направија едно од ретките свои појавувања, на SAG Awards 2019 година.

View this post on Instagram

Hey I know that I was thinking

A post shared by Emma Stone (@_emmastoneofficial_) on

Преку летото Стоун раскажала за списанието Elle дека сака да се омажи и основа семејство.

Оскаровката објаснила „Мојата перспектива за деца се смени со текот на годините, како што созревав. Никогаш не сум чувала деца или нешто слично на тоа. Како тинејџерка бев во стилот на: Никогаш нема да се омажам и никогаш нема да имам деца! А потоа станав повозрасна, пораснав и си помислив: Јас навистина сакам да се омажам, јас навистина сакам да имам деца.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот