СЕ ИСПОТЕПАА ПОРАДИ ВАРДАР (ВИДЕО)

Фото: 24ракомет

После натпреварот помеѓу Вардар и Барселона наместо славење низ Келн и задоволство кај навивачите на Вардар, дошло до меѓусебна пресметка, пренесува 24ракомет.

Во близина на Ланксес арена се случил инцидент кога пијани навивачи на Вардар започнале да се тепаат меѓусебе, а според информации од очевидци и од полицијата, причината за тепачката било знамето на кое пишувало „Фантоми-Гевгелија“.

При тепачката имало повредении, а најтешко поминале неколку од навивачите кои заработиле скршеница на ногата, потрес на мозокот, повреда на око… Во близина на местото каде што се случил немилиот настан имало десетина полициски автомобили, дваесетина полицајци и две возила на брзата помош.

„Ова е срамота. Се истепаа млади навивачи на Вардар, кои не знаат што значи да бидеш комита и како се навива за Вардар“, вели еден од присутните кој бил сведок на тепачката.

Видеото погледнете го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот