Се блокира проширувањето на ЕУ?

Европски парламент/ Фото: МИА

Заклучоците на министрите на ЕУ за проширувањето на земјите од Западен Балкан се блокирани и малку е веројатно дека ќе бидат усвоени како што е планирано на утрешниот состанок на Советот на ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Од Советот на ЕУ за агенцијата велат дека останале неколку часови за евентуален договор, а ЕУ министрите за општи работи на агендата на утрешниот состанок, прашањето за проширувањето го ставиле под точка „разно“.

Истовремено, најавено е дека прашањето за проширување нема да се најде ниту на агендата на состанокот на лидерите на ЕУ 27 кој на самитот во Брисел се најавени за 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе полна“, проценуваат во Брисел.

Од германското претседателство со Советот на ЕУ велат дека се фрустрирани поради неможноста за напредок по прашањата за преговарачката рамка за Северна Македонија, на која, барем во моментов и е блокиран процесот на усвојување на заклучоците за сите земји од процесот на проширување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот