СДСМ: Мицкоски да каже што одлучи, ЕУ блок или Левица?

Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност, велат од СДСМ.

„Со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок. Наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови небулози со кои се обидува да ја лаже македонската јавност. Лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират одново ќе бидат демантирани пред јавноста и ќе пропаднат како и сите претходни. Мицкоски треба да знае дека блокада на европскиот пат освен што значи загрозување на иднината на земјата, на меѓународните позиии на државата, негативно ќе влијае и на односите со САД“, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Но, на крајот, сите негови деструктивни обиди повторно ќе бидат поразени, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение информираа дека уставни измени под овие услови нема да има.

„Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат иницијативата за промени на Уставот. Ковачевски вели дека имал храброст и ако таа храброст не ја изгубил некаде по пат или ако не му ја чуваат заклучена во фиока, нека се одважи и нека се појави во Собранието со овој предлог.Патем кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка со истата содржина која ја подготвил минатиот пат, но која му ја искинал Талат Џафери. Таа оставка очекуваме да ја поднесе веднаш по гласањето во собранието, кога ќе се утврди дека власта нема двотретинско мнозинство, а со тоа нема ни услови за отпочнување на постапката за промена на Уставот“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот