СДСМ: Масовната имунизација се одвива непречено, аплицирани околу 200 000 дози вакцини

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

СДСМ и институциите што ги предводи, посветено работат за непречено одвивање на масовната имунизација на населението против коронавирусот, добавување на нови количини на вакцини и отворање на нови пунктови за вакцинација.

Досега се аплицирани околу 200 000 дози вакцини, а ревакцинирани се речиси 26 500 граѓани.

За масовната имунизација да тече непрекинато во државата пристигнаа нови 100 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Вакцинирањето се одвива во здравствените домови и во регионалните пунктови. Покрај во Скопје, Битола, Кавадарци, Тетово, Штип, Куманово и Охрид следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во Велес, Струмица и Прилеп.

Апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација, заедно да ја победиме пандемијата со коронавирусот.

За СДСМ како одговорна партија највисок приоритет е здравјето на граѓаните.

Продолжуваме мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот