Савевски: Франција и Холандија се фаворити во групата, Романија е нашата шанса

Македонската женска сениорка ракометна репрезентација/фото: macedoniahandball.com.mk

Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација в сабота (5 ноември) ќе го започне настапот на Европското првенство во сениорска конкуренција.

Прв противник во рамките од групата „Ц“ во Скопје од 18.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе биде селекцијата на Франција, еден од фаворитите за висок пласман на континенталниот собир.

Нашиот селектор Љубомир Савевски е задоволен од напредокот на селекцијата и верува дека истата ќе продолжи да расте.

– Во нашата група фавориската улога ја имаат Франција и Холандија. Шансата ја гледаме против Романките кои да напоменам не се слаби откако го гледав нивниот меч против Германија. Јас сум задоволен од тоа како се развива македонската репрезентација која се гради за подолг период и верувам дека и во иднина ќе продолжи да расте – вели Савевски.

Според Савевски Франција ја има до сега најдобрата репрезентација со спој на искусни и млади играчи. Од друга страна, се надева дека како што игравме против Норвежанките, ќе успееме да одиграме и со Французинките да парираме што подолго.

– Наше е да покажеме карактер, да покаже оваа селекција, која е спој на кадети, јуниори и сениори, дека е во во нагорна линија. Да направиме чекор напред, а ќе биде голем плус доколку го подигнеме квалитетот на игра. Што се однесува до составот на мали повреди се жалат Маџовска и Арсениевска, но се надевам дека сите ракометарки ќе бидат подготвени. Нервозата е присутна, но се надевам ќе ја надминеме и дека ќе покажеме и повеќе одд тоа што го знаеме во моментов – се зборовите на македонскиот селектор.

Пласман во главната фаза ќе обезбедат првопласираните три репрезентации од секоја група.

Група „Ц“ (Скопје – СЦ „Борис Трајковски“)

5 ноември 2022 година, 18.00 часот Франција – Македонија

5 ноември 2022 година, 20.30 часот Холандија – Романија

7 ноември 2022 година, 18.00 часот Македонија – Холандија

7 ноември 2022 година, 20.30 часот Романија – Франција

9 ноември 2022 година, 18.00 часот Македонија – Романија

9 ноември 2022 година, 20.30 часот Франција – Холандија

Разговор со Љубомир Савевски пред ЕП: Штериова не сакаше да ризикува, најважно е да покажеме карактер

ВИДЕО | Кипријановска: Европското првентво е многу важно за женскиот ракомет во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот