Саутгејт повика нов напаѓач, Англија без Стерлинг против Италија и Украина

фото: EPA-EFE/Alessandra Tarantino

Овој месец ќе стартуваат квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се организира во 2024 година во Германија.

Во рамките од квалификациската група „Ц“ ќе играат Италија, Англија, Украина, Македонија и Малта. Потсетување дека нашата А селекција во првото коло на 23 март во Скопје ќе биде домаќин на Малта.

А истиот ден во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ е дербито меѓу Италија и Англија кои се најголемите фаворити за учество на следниот континентален собир. Англичаните три дена подоцна во Лондон на „Вембли“ ќе ги пречекаат Украинците.

Англискиот селектор Герет Саутгејт за дуелот со Италијанците се одлучи да повика нов напаѓач, играчот на Брентфорд, Ајван Тони кој оваа сезона до сега во Премиер лигата постигна 16 голови.

На списокот повикани не се наоѓаат Рахим Стерлинг (Челси), Трент Арнолд Александер и Бен Вајт, десните бекови на Ливерпул, односно Арсенал.

Според Саутгејт, на Стерлинг сигурно ќе смета во иднина, а предност пред Вајт и Александер добиваат Кајл Вокер и Киран Трипие.

Составот на репрезентацијата на Англија

Голмани: Пикфорд, Поуп, Ремсдејл
Одбрана: Чилвел, Дајер, Геји, Џејмс, Мегвајер, Шо, Стоунс, Трипие, Вокер.
Среден ред: Белингем, Галагер, Хендерсон, Медисон, Маунт, Филипс, Рајс.
Напад: Фоден, Грилиш, Кејн, Рашфорд, Сака, Тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот