САУДИСКА ПРИНЦЕЗА ОСУДЕНА ВО ФРАНЦИЈА: Му наредила на телохранителот да претепа работник кој морал да и ги бакнува нозете!

Францускиот суд ја прогласи ќерката на саудискиот крал, принцезата Хаса бинт Салман за виновна за соучество во насилство со закана со оружје и ја осуди на 10 месеци условна казна.

Принцезата Хаса е обвинета дека му наредила на телохранителот да претепа работник во нејзиниот луксузен стан во Париз.

Според првичното обвинение, Ашраф Еид и рекол на полицијата дека телохранителот на принцезата му ги врзал рацете, го удирал и го принудил да и ги бакнува стапалата на принцезата, откако таа го обвинила дека ја снимил со мобилен телефон.

Тој им кажал на истражителите дека неговиот мобилен телефон бил присилно одземен и дека откако бил претепан, принцезата Хаса му се обратила како да е куче, велејќи: „Ќе видиш како се разговара со принцеза“.

Бранителот на принцезата Емануел Мојн ги оспори наодите на судот.

„Немаше кражба и, згора на тоа, насилство. Сите откритија, медицински досиеја на истражителот, покажуваат дека обвиненијата на Еид биле фабрикувани“, рече Моин.

Принцезата (43), сестра на престолонаследникот Мохамед бин Салман, упорно негираше каква било злоупотреба преку неговите адвокати. Таа не излезе пред судот за да ја слушне пресудата.

Засега не е познато дали пресудата ќе ги комплицира односите меѓу Париз и Ријад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот