Саудиска Арабија: Ќе го признаеме Израел ако се реши палестинското прашање

Саудиска Арабија / Фото: Fayez Nureldine / AFP / Profimedia

Шефот на саудиската дипломатија Фајсал бин Фархан денеска најави дека неговата земја би можела да го признае Израел доколку се реши палестинското прашање.

Тој, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, истакна дека првиот чекор кон решавање на проблемот е прекин на огнот „од сите страни“.

„Се согласуваме дека регионалниот мир вклучува мир за Израел, но тоа може да се случи само преку мир со Палестинците, преку палестинска држава“, посочи бин Фархан

На прашањето дали во тој контекст Саудиска Арабија би се согласила да го признае Израел, како дел од поширок договор, тој одговори потврдно.

Во 2020 година, четири арапски земји, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан го признаа Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот