ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река, постои опасност од поплави на домови во близина

цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера била добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во селото Опила во општина Ранковце, има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода. Од зголемениот водостој на речното корито на Крива Река, постои опасност од поплави на домови во близина, информираат утрово од ЦУК.

Известени биле градоначалникот и контакт лицата од општина Ранковце за настанатата состојба. Од Општина Ранковце одговориле дека во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат насобраните гранки од мостот.

– Од 12 до 16 часот денеска на автопатот „A2“ – Кичево-Охрид, што е во изградба, ќе се изврши минирање. Доколку граѓаните слушнат силни детонации, да не се вознемируваат, а истовремено да ги почитуваат сигналите за краткотрајно стопирање на движењето за време на конкретно поединечно минирање, наведуваат од ЦУК.

Оттаму повторно апелираат на внимателност поради наглите временски промени. Меѓу другото, се препорачува внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, додаваат од ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.643 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

– Од нив, „реални“ – 57,82 отсто, а 42,18 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,03 проценти, кон Итната медицинска помош – 32,91 отсто, а кон пожарникарите – 1,27 отсто од реалните повици кон 112, појаснуваат од ЦУК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот