Саудиска Арабија ја укинува забраната за патници од 11 земји

Фото: EPA-EFE/str

Саудиска Арабија ја укинува забраната за влез на граѓани од 11 земји, објави саудиската државна новинска агенција.

Забраната беше воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот, но карантинот за туристите ќе остане во сила.

На државјаните од Обединетите Арапски Емирати, Германија, САД, Ирска, Италија, Португалија, Велика Британија, Шведска, Швајцарија, Франција и Јапонија од утре ќе им биде дозволен влез во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот