Сашко Коцев и Смиљана слават 10 години брак: Актерот објави фотографија од првиот свадбен танц

Фото: Принтскрин - Фејсбук

Познатиот актер Сашко Коцев ретко објавува фотографии на социјалните мрежи од својот приватен живот, но овојпат имаше посебна причина за да го направи тоа.


Имено, Коцев сподели фотографија направена пред десет години, односно направена на денот кога со неговата сегашна сопруга Смиљана го изиграа првиот свадбен танц.

„10-ка“ – напиша актерот во описот на фотографијата.

Во 2012 година на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, актерот пред бројната публика ја побара раката на својата сакана.

Облечен како Аладин, Сашко ја започна познатата балада „A Whole New World“, а прекрасната Каролина Гочева продолжи по него за да го направи романтичниот момент уште повпечатлив. Сашко се упати кон публиката, ја донесе својата девојка Смиљана Бундевска на сцената и клекнат на колено ѝ предложи брак.

Откако среќната Смиљана му кажа „Да“, тој ја подигна на раце и двајцата исчезнаа зад сцената.

Актерот и шармантната сопруга која по професија е докторка се венчаа во 2012 година во Куршумли Ан, а во 2017 година ја добија ќерката Јоана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот