Санофи и ГСК ќе обезбедат 200 милиони дози од својата ковид вакцина за Ковакс

Лабораториите Санофи и ГСК најавија денеска дека на располагање ќе стават 200 милиони дози од својата вакцина против ковид-19 за меѓународната програма Ковакс, која ја покрена Светската здравствена организација (СЗО) и која треба да обезбеди глобален пристап до вакцините.

Француски Санофи и британски ГСК соопштија дека потпишале писмо со намери со Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), која управува со програмата Ковакс.

Како што се наведува, двете лаборатории имаат намера, ако меѓудругото биде одобрена од регулаторните власти, да стават на располагање 200 милиони дози од вакцината против ковид-19.

Санофи и ГСК заедно ја развиваат потенцијалната вакцина.

Во септември почнаа клинички испитувања врз луѓето. Првите резултати од испитувањата се очекуваат на почетокот на декември 2020, додека третата клучна фаза од испитувањето е планирана пред крајот на годината.

ГАВИ соопшти дека најавата на двете лаборатории претставува важен чекор, потсетувајќи дека целта е да се соберат 2 милијарди вакцини до крајот на 2021 година.

Според официјалните податоци, 184 земји се приклучија кон меѓународниот систем за набавка и дистрибуција на вакцината – 92 земји со ниски и средни приходи ќе ги добијат дозите бесплатно, а 92 земји со висок доход ќе поминат низ програмата Ковакс при набавката, но дозите ќе мора да ги платат од својот џеб.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот