Сандро Тонали официјално потпиша за Њукасл

фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Нов играч на Њукасл е 23-годишниот Сандро Тонали кој до сега ги бранеше боите на Милан.

Официјално дефанзивниот играч од средниот ред потпиша договор со премиерлигашот кој ќе трае до 2028 година.

– Благодарност до Њукасл бидејќи ми дава голема можност за мојата кариера. Сакам да се оддолжам за довербата на теренот, давајќи го максимумот, како и секогаш. Навистина сум возбуден што ќе играм на Сент Џејмс Парк. Едвај чекам да ја почувствувам топлината на навивачите – рече Тонали.

Италијанскиот репрезентативец од 2020 година ги бранеше боите на Милан каде започна како позајмица, а претходно четири години беше дел од Бреша.

Со „росонерите“ успеа во сезоната 2021/2022 да ја освои титулата во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот