Санчез останува шпански премиер

Педро Санчез / Фото EPA-EFE/Javier Lizon

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска е реизбран за премиер на земјата, откако ја доби поддршката од мнозинството парламентарци.

Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската Влада го поддржаа 179 пратеници, а 171 беа против, пренесува шпанскиот весник „Паис“. На гласањето немаше воздржани.

Денешното гласање следеше по речиси дводневната дебата меѓу партиските лидери во парламентот, која се фокусираше на контроверзниот договор за амнестија на приврзаниците на каталонската независност, на кој Санчез се согласи во замена за поддршката за реизбор за функцијата премиер на Шпанија.

Санчез вети дека ќе работи за признавање на Палестина како независна и суверена држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот