Самоил Малчески: Јакимовски, со сексистички изрази, подолго време ја малтретира мојата сопруга

Самоил Малчески од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден во низата жртви на сега веќе поранешниот вработен во Централниот Регистар, Емил Јакимовски. Малчески вчера во полициската станица Аеродром пријавил дека Јакимовски подолг временски период вербално ја малтретира неговата сопруга на социјалните мрежи, служејќи се со сексистички изрази и напади врз нејзиниот углед. Описите кои Јакимовски ги давал за сопругата на Малчески на социјалните мрежи директно го повредуваат нејзиното достоинство и углед и се под нивото на било каква достојна комуникација, вели Малчески во изјава за „Слободен печат“.

– Ова што се случува деновиве е само врв на лудилото, кое веќе подолго време го трпиме јас и моето семејство. Имено, истиот тој Емил, веќе подолго време со лаги, инсинуации и недолични постови на социјалните медиуми ме малтретира мене и мојата сопруга – ни изјави Малчески.

Тој додаде дека се надева дека институциите соодветно ќе го третираат вулгарното и несоодветно однесување на кое се изложени се повеќе личности од општествениот и политичкиот живот во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот