Самит на балканските лидери во Вашингтон, ќе учествува и Пендаровски

Лидери на шест земји од Западен Балкан ќе учествуваат на видео самит во Вашингтон в среда, организиран од Атланскиот совет, посветен на конкретни потези за зајакнување на регионалната економска соработка и привлекување странски инвестиции.

Како што беше објавено на веб-страницата на Атлантскиот совет, на самитот учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на министрите на Советот на БиХ, Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија, Драгица Секулиќ.

Овие значајни чекори  ќе помогнат во закрепнувањето на економијата по пандемијата со поголеми можности за економски развој.

„Очекуваните економски и социјални последици од пандемијата Ковид-19 на Балканот бараат итна регионална акција за да се избегне трајна економска стагнација и потенцијалната нестабилност што доаѓа со тоа”, нагласува Атланскиот совет од каде очекуваат поголема економска соработка  во регионот.

Атланскиот совет организира Самит за партнерство во Западен Балкан за да ги олесни и промовира конкретните чекори меѓу лидерите за регионална економска интеграција кои можат да го зајакнат економското закрепнување по пандемијата, да ја подобрат долгорочната конкурентност на регионот и да го зајакнат фокусот на инвеститорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот