Салвини: Украинска неонацистичка група сакаше да ме УБИЕ

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, изјави дека група на украински неонацисти сакала да го убие.

Инаку, станува збор за група на неонацисти од Украина, уапсена поради поседување голем арсенал оружје.

–-Тоа беше една од многуте закани што ги добивам секој ден. Тајната служба ми кажа за украинската група која планира атентат на мене. Драго ми е што тоа помогна да се пронајде арсеналот на некои луди луѓе – изјавил Салвини, кој е добро познат по своите силни про-руски ставови.

Италијанската полиција синоќа приведе тројца мажи, меѓу кои и еден кој е поврзан со неофашистичка политичка партија, откако откри голема количина оружје, меѓу кое и ракета воздух-воздух од француско производство, како и материјали со нацистички симболи.

Италијанската полиција и Обвинителството соопштија дека информацијата за постоење заговор за извршување атентатот на Салвини потекнува од поранешен агент на КГБ, но дека не е пронајден никаков доказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот