Салата со ракчиња и компир во бело вино

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Една порција од оваа хранлива салата обезбедува различни витамини и минерали, вклучително и 50% од вашите дневни потреби за селен, минерал кој позитивно делуваат на вашето срце и на вашиот кардиоваскуларен систем. Ракчињата се исто така добар извор на омега – 6 и омега – 3 масни киселини.

Велат во ракчињата се наоѓа и вкусот на морето. Еден од најпопуларните типови на морска храна. Ракчињата се составен дел од многу вкусни и богати рецепти. Ова е благодарение на нивната брза и едноставна подготовка, бидејќи за да подготвите ракчињата не треба да знаете комплицирани техники за готвење.

Состојки:

– 300гр ракчиња
– 4 средни компири
– 1 главица кромид
– 1 парче лимета
– 150мл масло
– 1/2 лажиче свежо мелен црн бибер
– 200мл бело вино

Подготовка:

Пред употреба ракчињата треба да бидат добро измиени и посолени.

Во длабока тава за пржење ставете малку маслиново масло и ставете кромид малку да се запржи, а потоа додате ги ракчињата и убаво запржете ги. Во тавата додадете го белото вино и оставете ги неколку минути да впијат ракчињата од виното.

Во друг сад длабок огноотпорен сад сварете ги компирите потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки. Потоа врз компирите додадете ги ракчињата заедно со течноста од вино и кромид. Измешајте ги сите состојки внимателно и оставете ги на тивок оган уште 5 мунути.

Тргнете го садот од оган и послужете во длабок сад. Попрскајте со свеж сок од лимета.

Добар апетит!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот