САД: Зошто Кина се плаши од независни медиуми?

САД денеска ја обвини Кина дека „се плаши” од независни медиуми, откако Пекинг информира дека дополнително ќе го ограничи пристапот на странски новинари.

– Предложените мерки ќе го влошат новинарството во Кина кое веќе страда од недоволно отворени и независни медиуми, напиша портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус на Твитер.

Таа рече дека САД со години се обидува да ја убеди Кина да дозволи на американските новинари да се вратат во земјата, да овозможи слобода на американските новинари да продолжат да работат нормално и да престане да ги заплашува и малтретира странските новинари.

– И покрај тоа, кинеското Министерство за надворешни работи нè информира дека има намера дополнително да го ограничи пристапот за странски новинари кои работат таму, рече таа.

Воедно запраша зошто Комунистичката партија на Кина се „плаши од независни и истражувачки медиуми”, кои, како што рече, „ги подобрија и продлабочија сознанијата на светот за реалноста во Кина”.

Пекинг денеска предупреди дека странските новинари треба да го „почитуваат законот” за да работат во Кина. Тоа дојде како последица на синоќешното бегство од земјата на двајца австралиски новинари, стравувајќи дека ќе бидат уапсени „од причини во врска со национална безбедност”.

Оваа година кинеските власти протераа американски новинари од најголемите весници, а САД, пак, го зајакнаа надзорот над работата на дописниците на кинеските државни медиуми на своја територија, сметајќи ги за „органи за пропаганда”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот