САД: Награда од пет милиони долари за лоцирање на терористот Абу Вахид

Стејт департментот понуди парична награда до пет милиони американски долари за информации што би довеле до идентификација или лоцирање на Аднан Абу Вахид ал-Сахрави.

Абу Вахид е поранешен член на Полисарија, кој стана лидер на терористичката организација Исламска држава во Голема Сахара (ИСИСГС).

Абу Вахид, исто така, бил член на џихадистичкото Движење за единство и џихад во Западна Африка, и бил нивни портпарол за време на војната во Мали, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Програмата Награда за правда, исто така, нуди награда до 5 милиони американски долари за информации што би довеле до апсење или осуда во која било земја на секој што извршил, планирал да изврши или помогнал во нападот од заседа на американско-нигерска патрола во Нигер во 2017 година. Тогаш загинаа четворица американски војници, а одговорноста за нападот ја презеде терористичката Исламска држава во Голема Сахара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот