Американскиот Сенат изгласа резолуција со која руските дејствија во Украина се сметаат за геноцид

Фото: Dmytro Smolienko / Avalon / Profimedia

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.

„Со своите акции и зборови, Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпин и во Киевска област, рече Раш.

„Оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“, додаде тој.

„Треба да продолжиме да правиме сѐ што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.

Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид”.

Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид”.

Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот