Руски велосипедист убиен откако застанал во одбрана на девојката

Момент од трка во БМХ велосипедизам Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Владимир Левин некогашен шампион во БМХ-велосипедизам бил убиен со нож од насилник, откако сакал да си ја одбрани девојката

Поранешниот велосипедист, шампион на Русија во трките во БМХ велосипедизам, Владимир Левин, загина како последица на трагичен инцидент што се случи во Саранск.

Левин загинал откако бил нападнат од насилник кој го убил со нож. Според пишувањата на медиумите, спортистот бил нападнат откако застанал во одбрана на девојката, јавува руски „чампионат.ком“.

Левин беше основач на БМХ велосипедските натпревари во Русија. Во 2000 година, во Омск, го освои првото место на Руското првенство. Покрај тоа, тој освои титули од првите руски првенства во 1997 и 1998 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот