Руски ММА-борец (49) осуден на строг затвор поради силување тинејџерка

foto: max_novoselov_135@instagram

Судот во Москва го осудил Максим Новоселов (наречен „лудиот Макс“) на пет години строг затвор поради силување на 18-годишна девојка. Новоселов порано бил осудуван и за убиство

Во судот во Москва заврши судењето на ММА-борецот Максим Новоселов (49) кој е осуден на пет години строг затвор поради силување на 18-годишна девојка, пишува „газета.ру“.

Спортистот бил приведен во март по забава во ноќен клуб каде што запознал две девојки.

Подоцна жртвата повикала полиција, велејќи дека таа и нејзината пријателка биле киднапирани од група мажи. Во полиција изјавила и дека била сексуално нападната.

Поради тоа, борецот прво бил уапсен два месеци, а на крајот на тој период престојот во истражниот затвор му бил продолжен на шест месеци.

Обвинителот побарал шестгодишен строг затвор за Новоселов, а одбраната барала спортистот да биде ослободен од обвинението, бидејќи како доказ за вина послужило само сведочењето на жртвата, кое било побиено со вештачења.

За Новоселов ова не е прво, па дури ни второ затворско искуство. Во раните 90-ти учествувал во криминалниот свет, а во 1993 година бил осуден на 14 години затвор под обвинение за убиство.

И во 2012 година, Новоселов бил осуден на три и пол години затвор за учество во бизнис со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот