Русија подготвена за 24 часовна соработка со Берлин за „случајот Навални”

Russia, 22 October 2018. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Берлин 24 часа на ден за случајот со труењето на рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални, кој се лекува во Германија.

Во изјава за руската телевизија „Русија 24″, Захарова рече дека Берлин треба да покаже „оперативна ефикасност” во врска со тој случај.

– Подготвени сме да соработуваме со германската страна 24 часа на ден, истакна Захарова.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас предупреди   дека доколку од Москва нема поддршка во истрагата за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Берлин би можел да биде принуден да ја преиспита судбината на германско-рускиот проект за изградба на гасоводот „Северен поток 2″.

„Се надевам дека Русите нема да не принудат да ја смениме позицијата во врска со гасоводот „Северен поток 2″, што се гради под Балтичко Море”, изјави Мас за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг”.

Мас додаде дека Германија ќе мора да одржи консултации со своите партнери доколку во следните неколку дена нема руски придонес во истрагата во врска со „случајот Навални”.

Тој не ја исклучи можноста за воведување санкции против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот