Русија ќе испитува комбинирана вакцина за сезонски грип и коронавирус

Фото: EPA

Русија наскоро ќе почне со проширени претклинички испитувања на комбинираната вакцина против сезонски грип и коронавирус, која во моментов се развива, изјави Ринат Максутов, директор на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор”.

Максутов за руската национална телевизија изјави дека комбинираната вакцина треба да обезбеди заштита од сезонските варијанти на вирусот на грип и новиот коронавирус, пренесе Тасс.

-Прототипот на вакцината е веќе лабораторсики тестиран врз животни, и се покажа дека предизвикува имунолошки одговор, па затоа сега се донесе одлука да се прејде на проширени претклинички испитувања, рече Максутов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот