Русија ја испрати првата серија од вакцината против коронавирусот во Белорусија

Русија ја испрати првата серија од својата вакцина „Спутник V” против ковид-19 во Белорусија на клиничко испитување, што е прва испорака во странство, соопшти денеска Рускиот Фонд за директни вложувања (РДИФ), суверен фонд на Русија.

Доброволци во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври, соопшти РДИФ, кој е поддржан од творците на вакцината.

Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигнал договори за набавка на руски вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно, исто така, беше постигнат договор за партнерство во производство на 300 милиони дози вакцина „Спутник V” во Индија.

Големи клинички испитувања, односно третата фаза, со најмалку 40.000 учесници, Русија започна на 26 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот