Русија испрати 15 воени бродови во Црно Море

ФОТО: Принтскрин

Русија денеска испрати 15 воени бродови во Црно Море, кои ќе учествуваат во воена вежба. Тие денеска минаа крај Керчкиот Проток кај полуостровот Крим, соопшти Руската морнарица.

Засега не е познато колку ќе траат воените маневри.

САД претходно го откажаа распоредувањето на два воени брода во Црно Море по добиените приговори од Москва, јавија турските медиуми.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека одредени морски подрачја близу Крим ќе бидат затворени со месеци поради планираните вежби, но се дополнува дека бродскиот сообраќај во теснецот нема да биде нарушен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот