Русија и преку интернет ќе регрутира војници

Руски војници во Украина /Фото: EPA-EFE/STRINGER

Долниот дом на рускиот Парламент едногласно изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата, и да се отежне избегнување на регрутирањето.

Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет.

Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет.

По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот