Румер Вилис мета на критики на социјалните мрежи – „Изгледаш непрепознатливо“

румер вилис
притнскрин инста

Последната објава на Румер Вилис на социјалните мрежи предизвика лавина коментари на сметка на нејзиниот физички изглед.

Многумина се согласуваат дека најстарата ќерка на актерката Деми Мур и актерот Брус Вилис, 33-годишната Румер Вилис е „слика и прилика“ на нејзината славна мајка. На социјалните мрежи таа воодушевува со својот изглед и моден израз.

Неодамна на својот инстаграм-профил таа објави фотографија на која позира во жолта комбинација, истакнувајќи ја својата витка линија. „Заминувам… И искрено, навистина не знам дали повторно ќе се вратам…“, напиша Вилис во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rumer Willis (@rumerwillis)

Додека некои од нејзините следбеници и обожаватели ја пофалија убавината и забавниот летен стајлинг на Вилис, други изразија доза на загриженост.

Ти си апсолутно убава, но те молам биди здрава“, „Таа е на работ да премине во нездраво“, „Ти треба храна“, „Би сакал да продолжиш да бидеш верна на твојата искреност за „body positive“ и да престанеш со филтрите. Изгледаш непрепознатливо, ти беше една од ретките на кои можевме да ѝ веруваме“, беа само дел од коментарите од загрижените обожаватели..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот