РСФ бара меѓународната заедница да интервенира во Судан

Командантот на суданските паравоени Сили за брза поддршка (РСФ), генерал Мохамед Хамдан Дагало Хемети, на Твитер објави дека меѓународната заедница мора да интервенира против, како што ги нарече, „злосторствата на суданскиот генерал Абдел Фатах ал-Бурхан“.

– Неговата армија води брутална кампања против невините луѓе бомбардирајќи ги со авиони МиГ, напиша Дагало.

Веќе трет ден се водат борби помеѓу РСФ и армијата за превласт во Судан, при што загинаа околу сто луѓе.

ФОТО МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот