Романскиот парламент ја одобри новата коалициска влада на премиерот Николае Чиука

романија влада
Влада на Република Романија / Фото: МИА

Романските пратеници денеска со големо мнозинство ја поддржаа новата коалициска влада на премиерот Николае Чиука, инаугурирајќи го ротирачкиот премиерски договор за ставање крај на двомесечниот политички ќор-сокак.

Романија е во политичка парализа откако центристичката алијанса се распадна во септември, поткопувајќи ги напорите за намалување на големиот буџетски и трговски дефицит во време на спирални случаи на Ковид-19.

-Конечно можеме да понудиме предвидливост и да гарантираме стабилност и развој. Денеска е првиот ден од новиот пристап за управување со Романија за подобрување на економската, социјалната и здравствената состојба на нејзините граѓани, рече Чиука во парламентот, пренесоа британските медиуми.

Чиука (54), пензиониран генерал, ќе раководи со владата до 25 мај 2023 година според ротирачкиот коалициски договор со поранешните непријатели на партијата, најголемата романска социјалдемократска партија (ПСД).

Заедно со партијата на етничките Унгарци УДМР и независната група на етнички малцинства, владата на Чиука има огромна поддршка од повеќе од 70 отсто од законодавците.

Владата на Чиука денеска доби поддршка од 318 пратеници од 444 присутни пратеници.

Коалицијата ќе ротира премиери на секои една до две години.

ПСД ќе ги држи моќните министерства за финансии, земјоделство, одбрана и транспорт, а либералите ќе бидат на чело на секторите како што се правда, енергија, внатрешни и надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот