Романо ја откри најголемата грешка на Арсенал во летниот преоден рок

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најголемата грешка на Арсенал во летниот преоден рок е тоа што не го ангажираше Рафиња од Лидс јунајтед, тврди спортски новинар Фабрицио Романо.

– Рафиња им беше главен приоритет. Мислам дека тој беше најголемата грешка на Арсенал ова лето. Го сакаа, а Рафиња во еден момент беше отворен за преговори со Арсенал – рече Романо во интервјуто за „Ке Голацо“.

Со оглед на тоа што Лидс минатата сезона се бореше за опстанок, бразилскиот фудбалер сè повеќе беше достапен на пазарот.

Во случај Лидс да испаднеше, неговата преселба во Барселона беше речиси загарантирана бидејќи имаше прифатлива откупна клаузула. Но, Барса се чинеше дека не можеше да го комплетира трансферот, што ја отвори вратата за Челси и Арсенал веднаш да се обидат да направат договор за играчот.

Од „Камп Ноу“ успеаја некако да ги обезбедат потребните 55 милиони фунти и Бразилецот на крајот го облече дресот на шпанскиот клуб. Арсенал се обиде, но нема многу за жалење бидејќи Барселона уште од самиот почеток беше очигледно првиот избор на Рафиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот