Романија не сака да игра против Косово во квалификациите за ЕП?!

фото: EPA/ROBERT GHEMENT

Во изминатиот период се одржа жрепка во Франкфурт преку која ги дознавме квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Репрезентацијата на Романија се најде во група со Швајцарија, Израел, Косово, Белорусија и Андора. Романија не е меѓу земјите која го има признаено Косово, па поради сметаат дека се појави голем проблем.

– Имајќи ја предвид геополитичката ситуација, ќе водиме дијалог со романската влада во врска со условите на натпреварот во кој нашата земја ќе го пречека Косово – изјавија од романската федерација за порталот „ГСП“.

Поранешниот романски министер за надворешни работи Теодор Мелескану вели дека натпреварот не треба да се игра. Романците додаваат дека неприсуството на мечот со Косово од политички причини би довело до нивно исклучување од УЕФА.

– Се разбира, нашата фудбалска асоцијација треба да разговара со други земји кои имаат ист став како Романија и да излезе со метод кој не треба да го уништи целиот систем. Мора да се почитуваат работите кои се многу јасни од наша гледна точка. Затоа би додал дека нашата асоцијација ќе мора да најде решенија. Доколку не, тогаш она што може да се направи е да загубиме со службен резултат 3:0 – се зборовите на Мелескану.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот