Тежок е патот до Евро 2024: Македонија ќе игра во група со Италија и Англија

Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2024/фото: ФФМ

Денеска со жрепка во Франкфурт македонската А репрезентација ги дозна ривалите во редовните квалификации за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Среќата не беше на наша страна, нашата селекција ќе игра во групата „Ц“ со актуелниот европски шампион Италија кој го елиминиравме во баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Потоа, противник ни е Англија, уште еден гигант кој заедно со Италијанците ќе бидат главни фаворити за првите две места кои водат на континенталниот собир. Со нас во групата се и репрезентациите на Украина и Малта.

Квалификациските натпревари ќе се играат во 2023 година, најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат на ЕП, а последните три места ќе им припаднат на победниците од плеј-офот во Лигата на нации.

Квалификации за ЕП 2024

Група „А“: Шпанија, Шкотска Норвешка, Грузија, Кипар.

Група „Б“: Холандија, Франција, Република Ирска, Грција, Гибралтар.

Група „Ц“: Италија, Англија, Украина, Македонија, Малта.

Група „Д“: Хрватска, Велс, Ерменија, Турција, Летонија.

Група „Е“: Полска, Чешка, Албанија, Фарски Острови, Молдавија.

Група „Ф“: Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан, Естонија.

Група „Г“: Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Литванија.

Група „Х“: Данска, Финска, Словенија, Казахстан, Северна Ирска, Сан Марино.

Група „И“: Швајцарија, Израел, Романија, Косово, Белорусија, Андора.

Група „Ј“: Португалија, Босна и Херцеговина, Исланд, Луксембург, Словачка, Лихтенштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот