Родители преку социјални мрежи повикуваат невакцинираните деца да се носат на училиште

Откако Министерството за здравство одлучи на невакцинираните деца да им забрани да посетуваат настава, голем број деца останаа дома иако уште во мај беа запишани во училиштата.

Дека ситуацијата се променила, преку фејсбук групата „Здравје со игла не влегува“ денеска информираше мајка чие дете не посетува настава.

Дали оваа информација е точна прашавме и во општина Ѓорче Петров од каде што добивме одговор дека ситуацијата не е променета и дека општината работи согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство.

Став побаравме и од Првата детска невладина организација „Меѓаши“, од каде што ни одговорија дека се во постојан контакт со Народниот правобранител, но повеќе информации најавија за утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот