Родители од Љубљана нашле петарди кај нивното дете, па го пријавиле во полиција

Петарди/ Фото Архива на СП

Како што пренесува словенечки Н1, родители од Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тоа ги купило без нивно знаење, а тие самите ја повикале љубљанска полиција.

„Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофали љубљанската полиција родителите и додадоа дека се работи за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, а за нибна продажба од 19 декември до 31 декември.

Од љубљанската полиција велат дека голем акцент ставаат на превентивните мерки за намалување на употребата на пиротехнички средства кои ги спроведуваат заедно со училиштата и другите институции. „Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на таа тема во основните училишта“, објаснуваат тие.

Нагласија и дека родителите имаат важна улога во информирањето на малолетниците за опасностите од пиротехниката. „Важно е да разговараат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички производи“, додаваат од Управата на полицијата во Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот