РК Вардар 1961 ја забележа 12 победа во меѓусебните дуели со Бутел

фото: Денис Дуковски/РК Вардар 1961

Ракометарите на Вардар 1961 запишаа нови суперлигашки бодови откако во 10 коло ја оправдаа фаворитската улога против Бутел со 24:30 во спортската сала „Антон Димитров“. За скопските „црвено-црни“ тоа е 12 победа во меѓусебните дуели со РК Бутел, а четврта оваа сезона.

Најефикасни во победата со по пет голови беа Талески и Георгиевски, а 13 одбрани собраа голманите Ристовски и Гогов, а на спротивната страна Младеновски седумпати се запиша во листата на стрелците.

Во братското битолско дерби Еурофарм Пелистер со 31:26 славеше против Еурофарм Пелистер 2.

За Еурофарм Пелистер блескаше Костески со седум голови, а кај поразените истиот учинок го имаше Петровиќ.

На табелата по 30 бодови имаат Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, тимот на Бутел е петтопласиран со 10, а Еурофарм Пелистер 2 е на седмата позиција со седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот