РК Алкалоид е победник на шампионатот и нов член на Суперлигата

Живко Мукаетов му го додели шампионскиот трофеј на капитенот на екипата/Фото: РК Алкалоид/facebook

Машкиот ракометен клуб Алкалоид доминантно со 27 победи и еден нерешен натпревар, успеа да го освои првото место во Првата лига во својата дебитантска сезона.

Денеска во последното коло ракометарите на Алкалоид убедливо со конечен резултат 39:19 (17:8) го совлада РК Младост 1977.

Пласман во Суперлигата за следната натпреварувачка екипа обезбедија и Голден Арт-КЛ7, Јуниор К.В., Вардар Неготино и Куманово.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов го предаде победничкиот трофеј на капитенот на клубот.

– Денеска испишавме клупска историја! Нашата прва сезона ја завршивме со медал и со шампионски пехар! Следната сезона сме дел од Суперлигата – објавија о РК Алкалоид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот