Ризик од „епидемиска кохабитација“: Француски пратеници апелираат на масовна вакцинација против сезонски грип

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Седумдесет и пет пратеници од владејачкото мнозинството во францускиот парламент стравуваат од „епидемиска кохабитација” со пандемијата Ковид-19, па затоа апелираат на „масовна” вакцинација против сезонскиот грип како „граѓански акт.

Во колумна објавена во „Журнал ди Диманш”, пратеникот на Жулиан Боровчик, кој по професија е лекар, подвлекува дека „со наближување на зимата, ризикот е голем да се види како Ковид-19 ќе се судри со сезонскиот грип, кој е одговорен за околу 10.000 смртни случаи секоја година”.

– Оваа епидемиска кохабитација може да се покаже штетна со одложувања во дијагнозите, со предизвикување на компликации кај најранливите категлории на луѓе и со предизвикување на масовен прилив на пациенти во болниците. Вакцинирањето против грипот ќе стане влог за јавното здравство оваа есен, а пред сè граѓански чин, додаваат потписниците, кои уверуваат дека тие сите ќе се вакцинираат против грипот.

Пратениците, исто така, бараат вакцината против сезонски грип, која е бесплатна за луѓето со ризик и оние над 65 години, оваа година да биде бесплатна за сите преку додатните здравствени осигурувања.

– Сите со нетрпение ја чекаме вакцината за коронавирусот. Ајде веќе да ги искористиме постојните вакцини затоа што тие се наши најдобри сојузници во борбата против вирусите, се заклучува во текстот на пратениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот