Ристевска-Јорданова: ЕУ има за цел да се закотви Западниот Балкан во Европа иако ни тие немаат поим како

Средба Пендаровски-Борел/Фото Слободен печат/Драган Митрески

-Посетата на Жосеп Борел не донесе ништо бомбастично ниту пак се очекуваше нешто бомбастично. Целта им е да се закотви Западниот Балкан во Европа иако ни ЕУ нема поим како. Борел јасно кажа дека овој процес на долга кандидатура за нас е скап и дека треба да бараме повеќе средства од Унијата. Ние треба да имаме добра анализа за нашите трошоци поврзани со нашата поддршка на сакциите против Русија, особено што Македонија искажа и посебна солидарност, вели за Утрински брифинг Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европски политики.

Таа додава дека Борел јасно кажа дека не смее да се внесуваат билатералните прашања во евроинтеграциите, но од друга страна очекува дека бргу ќе се реши спорот со Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот