Рио Фердинанд нема дилеми: Уште сега треба да почнат да го гравираат името на Бензема на „Златната топка“

Карим Бензема игра неверојатно сезонава во дресот на Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед  и на англиската репрезентација Рио Фердинанде импресиониран од Карим Бензема и неговиот хет-трик во победата на Реал Мадрид од 1:3 над Челси во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите и смета дека Французинот е идниот добитник на „Златната топка“.

Фердинанд во анализата за телевизијата БТ Спорт беше импресиониран од играта на Бензема и што уште порача дека треба името на напаѓачот на Реал Мадрид уште да почне да се гравира.

– Мислам дека уште сега треба да се гравира името на Карим Бензема на „Златната топка“. Идниот добитник на „Златната топка“ е завршена приказна бидејќи само еден може да ја добие. Тоа е неверојатниот Карим Бензема кој со своите голови го донесе на чекор од освојување на титулата во Ла Лига и чекор поблиску до полуфиналето во ЛШ – рече Фердинанд.

Поранешниот дефанзивец исто така истакна дека Бензема долго време чекаше да излезе од сенката на Кристијано Роналдо.

– Додека Кристијано беше во Реал, Бензема беше понижен да седи во позадина бидејќи знаеше колку Роналдо му значи на клубот, но сега конечно излезе од сенката. Има 34 години и е најдобра „деветка“ на светот. Карим е неверојатен, голови, асистенции, чувство за игра… Се прави совршено – додаде Фердинанд.

Карим Бензема сезонава на 36 натпревари и постигна 37 гола и имаше 13 асистенции, додека со хет-трикот против Челси во ЛШ дојде до бројката од 11 гола на осум натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот