Римското списание „Нуови аргоменти“ објави песни од Ацо Шопов

По повод 98-годишнината од раѓањето на еден од основоположниците на македонската современа поезија, Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 – 20 април 1982, Скопје), престижното италијанско списание за литература „Нуови аргоменти“ во рубриката „Поетска работилница“ објави избор на песни од Шопов.

Изборот, во препев на италијанската поетеса Миа Леконт и македонската италијанистка Анастасија Ѓурчинова, ги содржи песните „Грозомор“, „Има долу една крв“, „Песна“, „Обична улица“, „Молитва за еден обичен, но уште непронајден збор“, „Шеста молитва на моето тело“, „Деветта молитва на моето тело“ и поемата „Долго доаѓање на огнот“.

Списанието „Нуови аргоменти“ е основано во 1953 година од страна на Алберто Моравија. Во 1956 година му се приклучува Пјер Паоло Пазолини, кој ќе раководи со списанието од 1966 до 1980 година. Во тој период особено доаѓа до израз соработката на младата италијанска писателка Дача Мараини, која станува член на раководното тело на редакцијата во 1990 година, а денес е одговорен директор на „Нуови аргоменти“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 111, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот