Ријана му купила респиратор на татко ѝ кој заболел од коронавирус

Profimedia

Откако донираше 5 милиони долари на нејзиниот роден остров Барбадос за борба против коронавирусот, Ријана купила и респиратор за нејзиниот татко, кој е заразен со вирусот Ковид-19.

На Барбадос, каде што живее нејзиниот татко, нема многу забележени случаи на коронавирус, а не се знае од каде се заразил татко ѝ.

„Искрено, мислев дека ќе умрам. Можев да ја почувствувам температурата во носот, на устата, чувствував треска насекаде… Ќерка ми секојдневно проверуваше како сум и ми се јавуваше. Морам да кажам, многу ја сакам. Таа направи многу за мене, го ценам тоа што го направи.“, изјави нејзиниот татко Роналд Фенди (66), за британските медиуми.

Иако респираторот пристигнал во неговата куќа на Барбадос, тој не мора да го користи. По 14 дена бил отпуштен од изолациониот центар затоа што оздравел.

Со кучињата Ксена и Ебони покрај него, Роналд одмора во пространата куќа во Сент Џејмс што неговата богата и славна ќерка ја купи за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот