Резил во македонската кошарка: Родител на дете од МЗТ Скопје тргна да тепа играч на Работнички

принтскрин/фејсбук

Македонската кошарка црвенее од срам по инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу младинските екипи на Работнички и МТ Скопје и кој го предизвикаа родители на кошаркарите.

Вчера во салата во Градски парк се играше дербито во М14 лигата помеѓу Работнички и МЗТ Скопје и кое беше прекинато во последната четвртина поради болните амбиции на родителите. Незадоволен од начинот на игра, односно од блокадата на едно од момчињата во Работнички и неговата реакција по истата, родител се симна на теренот во желба сам да ја дели правдата. За среќа инцидентот заврши без повреди на младите кошаркари кои ни криви ни должни мораа да го гледаа срамот кој го предизвикаа нивни родители.

„На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени. Каде што родители од спротивната страна (Мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на Работнички. Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години. Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки“ соопшти КК Работнички.

Видеото од инцидентот може да го последнете на следнот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот