Решена дилемата: Дали е поздрав путерот или маргаринот?

Фото: Pixabay

Пред неколку години, беше актуелна дебатат за тоа што е поздраво – путерот или маргаринот?

Маргарин

Маргарините на база на растително масло станаа популарни кога лекарите почнаа да сфаќаат колку заситените масти се опасни за здравјето.

Некои маргарини имаат нездрави транс масти, додека други имаат различни тврдења кои можат да бидат прилично збунувачки за купувачите. Во меѓувреме, имаше и такви кои тврдеа дека путерот е „целосно природен“ избор.

Што велат експертите?

Американското здружение за срце предлага купување намази без транс масти наместо обичен путер или маргарин. Изберете намаз со најмала количина на заситени масти и нула транс масти. Проверете ги состојките: ако пишува дека содржи хидрогенизирани масла, тоа значи дека има транс масти, иако тоа можеби не го пишува на декларацијата.

Путер

Обичен путер се прави од кравјо млеко или кајмак којшто се меша додека не достигне полуцврста состојба. По дефиниција, содржи најмалку 80 отсто млечни масти по тежина. Путерот се прави во солени и во несолени сорти, а една порција путер содржи 11 грама масти, додека 7 отсто се заситени масти кои ги затнуваат артериите. Исто така, содржи и 30 милиграми холестерол, што е 10 отсто од дневната вредност за човекот.

Секако, најздрава опција е да ги прескокнете и путерот и маргаринот. Експертите препорачуваат да користите мононезаситени масти: маслиново масло или растително масло. Користете путер од авокадо и јаткасти плодови наместо путерот што го ставате на вашите сендвичи. На тој начин ќе обезбедите внес на масти, но тоа е внес на здрави масти.

Кој производ и да го изберете, ограничете ја неговата потрошувачка. Ако ви е потребен маргарин за приготвување колачи, советот е да набавите таков што не содржи транс масти, бидејќи маргарините кои содржат транс масти, освен што ги затнуваат порите, се и нездрави за целото тело.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот